Продажбата на автомобили во Кина во декември минатата година продолжи да се намалува, па за цела 2019 година овој пад изнесува 8,2 отсто, покажаа вчера објавените податоци на Кинеската асоцијација на производители на автомобили (ЦААМ).

Кинеското производство на возила во 2019 година имаше пад од 7,5 отсто.

Минатата година во Кина вкупно беа произведени 25. 712 милиони автомобили. И покрај падот, и производството и продажбата и натаму се најголеми во светот, истакнуваат од ЦААМ.

Продажбата на патнички автомобили, што сочинува 83 отсто од вкупната продажба на возила, на годишно ниво опадна за 9,6 отсто. Продажбата на автомобили во декември благо се намали за 0,1 отсто.

Повикувајќи се на месечните тенденции, ЦААМ заклучува дека состојбата во кинеското производство и продажба на автомобили  постепено, сепак, ќе се подобрува.