Кина ја оквалификува Русија како „важна членка“ на Г20, откако САД го покрена прашањето за нејзино исклучување од групата 20 најразвиени земји во светот, по инвазијата на Украина.
– Г-20 е главниот форум за меѓународна економска соработка, изјави за новинарите портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин.
– Русија е важна членка и ниту една членка нема право да исклучи друга, потенцираше тој.