Кинескиот парламент, Народниот национален конгрес, го реизбра Си Џинпинг за претседател на Кина, кој доби трет петгодишен мандат, што претставува историски преседан во оваа земја.
Во исто време, Си Џинпинг беше избран за претседател на Централниот воен совет на Кина.
На изборите немаше друг кандидат, а гласањето траеше еден час, додека резултатите се пребројуваа по електронски пат за 15 минути.
Џао Леџи е избран за претседател на Постојаниот комитет на 14. Национален народен конгрес, јавија кинеските државни медиуми.
За време на седницата на Првата сесија на 14. Национален народен конгрес, беше одобрен план за реформирање на институциите на Државниот совет, кинеската влада.