Министерството за надворешни работи на Кина објави драматично видео на социјалните мрежи како директен одговор на политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека Кина нема да се повлече во трговскиот конфликт. Тие ја споредија американската политика со „окото на торнадо кога сè изгледа мирно за момент, но јасно е дека доаѓа уште посилна бура“.

Во видеото, до меѓународната заедница се апелира да се спротивстави на, како што го нарекуваат, „американското малтретирање“, а преку низа примери ги покажуваат наводните негативни последици од американската економска доминација. Како илустрација, тие споменуваат како, според нив, „агресивната американска економска стратегија уништила компании како Тошиба и Алстом, а воедно предизвикала долгорочна економска штета на некои земји, како што е Јапонија“.

 

— CHINA MFA Spokesperson 中国外交部发言人 (@MFA_China) April 29, 2025

“>

 

-Попуштањето пред насилникот само ја продлабочува кризата. Кина нема да падне на колена, вели нараторот во видеото, кое е снимено на англиски јазик со кинески превод. Пораката ја прикажува Кина како симбол на слободна трговија и сигурен партнер на глобалната сцена.

Особено е интересно што САД во видеото се нарекуваат „хартиен тигар“ и се нагласува дека оваа земја не го претставува глобалното мнозинство. „Насилниците се хартиени тигри, а САД не го претставуваат светот. Кога светот зборува со еден глас, САД остануваат изолирани“, се вели во пораката, во која се предупредува дека Вашингтон ќе продолжи да води нестабилна и агресивна политика.

Како заклучок, Пекинг вели: „Нема да се повлечеме. Дури и послабите ќе имаат можност да им се чуе гласот. Колку е потемна ноќта, толку се посветли ѕвездите“, додаваат тие на крајот.

фото: Принтскрин „Х“