Како дел од планот што подразбира употреба на современи технологии за поблиско надгледување граѓани, официјален Пекинг најави дека сите граѓани во иднина ќе добиваат поени со кои ќе се мери колку се лојални кон својата држава и власта.

Властите во Пекинг во кој живеат 22 милиона луѓе, планираат до 2021 година да воведат систем за оценување чија цел е добрите граѓани да бидат наградени, а непослушните – казнети.

Мерките за кои КП на Кина зборува од 2014 година, би требало да се користат за мерење и регистрирање на однесувањето на граѓаните нивната финансиска состојба, но и злоупотреба на функцијата.

Властите тврдат дека новите мерки ќе придонесат за подобрување на целокупната состојба во државата бидејќи на граѓаните со „низок интегритет“ нема да им биде дозволен пристап до одредени сервиси и услуги. На пример, оние со лош финанскиски „скор“ нема да може да почнат некој бизнис и да се впуштаат во финансиски трансакции.

Системот ќе надгледува и оценува доверливост и работни перфомански на официјални лица во Пекинг како и градски органи и службеници, а оценки ќе добиваат органите и поединци.