Единаесет кинески воени авиони денеска ја преминаа централната линија на Тајванскиот теснец или влегоа во зоната за воздушна одбрана на Тајван.

Тензиите во Тајванскиот теснец и целиот азиско-пацифички регион се зголемија по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси на 2 и 3 август, што предизвика остри критики од Кина.

Кинеската војска потоа започна големи вежби на 4 август, вклучително и лансирање на проектили во шест области околу Тајван.

Војската во средата соопшти дека успешно завршила различни воени задачи околу Тајван по речиси една недела, но дека продолжува внимателно да ја следи ситуацијата во Тајванскиот теснец.