Кина е подготвена за нови трговски разговори со САД „што е можно поскоро“, објавија денеска кинеските медиуми.

Информацијата се појави во медиумскиот простор во позадина на обидите на Пекинг и Вашингтон да избегнат нова ескалација на царините.

Информацијата беше објавена по видео-конференција помеѓу кинескиот вицепремиер и главен трговски преговарач Хе Лифен и американскиот министер за финансии Скот Бесант.

Кинеските медиуми објавија дека разговорот бил искрен, длабински и конструктивен.