Еден кинески владин службеник е осуден на смрт поради шпионажа во корист на странска држава, објави „Голд вол прес“ (Gold Wall Press).

Кинеските власти го наведоа само презимето на обвинетиот. Ма бил регрутиран од странска разузнавачка служба додека работел во странство.

Според обвинението, Ма доставил вкупно 35 информации класифицирани како државни тајни, за што добил повеќе од еден милион јуани (150.000 американски долари).