Производителот на електрични возила „Тесла“ повлекува повеќе од 80.000 автомобили, поради проблеми со софтверот и безбедносните појаси, потврдија кинеските пазарно-регулаторни власти денеска.

Производителот на електромобили со седиште во САД, повлече 67.698 автомобили „Модел С“ и „Модел Икс“ увезени во Кина меѓу 25 септември 2013 и 21 ноември 2020 година, поради софтверски проблеми што влијаат на системот за управување со батериите на возилата. „Тесла“ најави дека ќе го надгради софтверот на повлечените возила.

Американската автокомпанија повлече и 2.736 увезени автомобили „Модел 3“ произведени меѓу јануари и ноември 2019 година и 10.127 автомобили од кинеско производство од истиот модел.