Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји допатува во Москва за да разговара за можен мировен план за Украина, пишува денеска рускиот весник Комерсант.
„Главната цел на оваа посета е да се зголеми улогата на Пекинг во договорот за Украина“, пишува Комерсант.
На годишната Минхенска безбедносна конференција минатата недела, Ванг ги обвини САД за кршење на меѓународните норми со „хистерично“ однесување.
Тој повторно повика на дијалог и предложи европските земји „смирено да размислат“ за начините за завршување на војната.
Ванг исто така рече дека има „некои сили кои очигледно не сакаат преговорите да успеат или војната наскоро да заврши“, но не прецизираше на кого се мисли.
Кинескиот лидер Си Џинпинг, најави италијанскиот министер за надворешни работи минатата недела, треба да одржи „мировен говор“ на годишнината од инвазијата на Украина.