Кинеските астронаути, кои пред две недели пристигнаа на вселенската станица Тиангонг, денеска за првпат излегоа од своето вселенско летало на прошетка во Вселената, јави државната телевизија.
Астронаутите Лиу Боминг и Танг Хонгбо се прикажани како ја напуштаат станицата во нивните вселенски одела во повеќечасовната мисија на инсталирање опрема од надворешната страна на станицата и во спроведување планирани тестови.
Ова е втора кинеска вселенска прошетка по кинескиот астронаут кој во 2008 година излезе од вселенското летало „Шенжу 7“. Но, таа мисија траеше само околу 20 минути.Кинеските инженери развија нов вселенски костум, што тежи околу 100 килограми, треба да биде поудобен и да дозволи подолги мисии во вселената.
Тројцата астронаути, предводени од командантот Ние Хаишенг, пристигнаа на кинеската вселенска станица пред две недели со првата мисија во вселената во Кина во последните пет години.Тројцата треба да минат три месеци во вселенската станица и се очекува да извршат тестирања на клучните функции и да спроведат научни експерименти.Вселенската станица треба да биде довршена во 2022 година.