Кинескиот сопственик на Милан, Јонгхонг Ли одбил 450 милиони евра и влезе во судир со членовите на одборот на клубот зашто не сакаше да ги продаде „росониерите“.

Милан се соочува со казна од УЕФА за финансиски фер плеј, зашто не му понуди спогодба.

И клубот и сопственикот се должни на американскиот фонд Елиот Менаџмент кој го финансираше кинеското преземање на Милан во минатиот април.

Доколку долгот не биде исплатен до октомври, клубот би можел да прејде во рацете на фондот.

Ла Република јавува дека Ли одбил понуда од Дубаи, која наводно стигнала од Мохамед Ал Фаласи. Таа понуда може да го отплати долгот кон Елиот Менаџмент.

Јонгхонг Ли, Хан Ли, Лу Бо и Зу Реншуо, како членови на одборот не сакале ни да чујат за понуда помала од 750 милиони евра.

Последицата е што извршните директори, Марко Фасоне, Марко Патуано и Паоло Скарони почнале да проучуваат легални начини за да ги изолираат кинеските сопственици, па клубот сега е поделен на две управувачки фракции.