Руските сили ја продолжуваат офанзивата во правец на стратешки важните украински градови Бахмут и ​​Авдијивка во источниот регион Донбас, објави украинскиот гувернер на регионот Доњецк, Павло Кириленко.

Гувернерот објави дека вчера во нападите на Бахмут загинал еден цивил.

„Русите ќе одговараат за сите злосторства направени во нашата земја“, напиша Кириленко.