Русија денеска ги обвини САД дека планираат лажно да ја обвинат Русија за употреба на оружје за масовно уништување со цел дополнително да ја изолираат земјата.

– Инсценирањето на употребата на оружје за масовно уништување ќе биде искористено за да се обвини Русија за употреба на нелегално оружје, со цел да се реализира таканареченото „сценарио за Сирија“, во кое одредена држава е економски и политички изолирана и исклучена од меѓународната организации како што е Советот за безбедност на ОН, изјави шефот на одделот за радијациска, хемиска и биолошка одбрана на руската војска Игор Кирилов.

Како што пренесе ДПА, Кирилов рече дека западните лидери веќе дале бројни провокативни изјави во последните недели дека Русија планира да користи тактичко нуклеарно, хемиско и биолошко оружје во Украина.

– Целта беше да се зголеми притисокот врз Индија и Кина да му се придружат на Западот во воведувањето санкции против Русија, рече Кирилов.