Бугарија мора да ги почитува резолуцијата на ЕУ и бугарскиот суд од 1 јуни 2021 година да ги регистрираат сите македонски здруженија и организации во државата. Во спротивно, за Бугарија ќе следат санкции од ЕУ.
Ова го истакнува Атанас Кирјаков од Благоевград (Горна Џумаја) во Пиринска Македонија, еден од челниците на ОМО ИЛинден, која годинава слави јубилеј 30 години.

– Пиринска Македонија треба да добие статус на културна, политичка и економска автономна област, кој статус, според меѓународното право и меѓународните аранжмани, треба да се изрази во следното: ОМО „Илинден“ инсистира поради нискиот стандард на население кое живее во Пиринска Македонија да даде директна економска помош од ЕУ за развој на Пиринска Македонија за крај на асимилација на Македонците преку глад. Воведување на македонски јазик во образовните институции и администрација, како и учење на македонската историја и култура. Отворање на радио и телевизиски центар во Пиринска Македонија за емитување на македонски јазик, за културно просветлување на населението. На бугарската национална радио и телевизија треба да има час за пренос на македонски јазик за Македонците кои живеат во Бугарија. Стоп за асимилација на македонската култура, историја, фолклор и да не ве проневерат бугарските институции. Стоп за уништувањето на македонските културни споменици, пишува Кирјаков во објавата.

Натаму во истата се додава:

– Да се вратат украдените икони, стари македонски книги и други културни споменици од Македонија, од цркви, манастири и други културни места. Неврокопската епархија ќе се приклучи на Македонската православна црква со седиште во Охрид. Да се избере Македонски владика во Пиринска Македонија и да се биде независна од бугарската црква во Пиринска Македонија. Четирите дела на македонските муслимани на Македонија ќе го изградат својот Верски центар за сплотеност и комуникација на национална и верска основа. Пиринска Македонија да биде демилитаризирана зона. Македонците христијани и муслимани да бидат ослободени од бугарската воена промоција. На Македонците христијани и муслимани во Пиринска Македонија и во Бугарија во сите лични документи, за влез во нација – Македонец/ Македонка, се вели меѓу другото во објавата на Кирјаков.