Ностиелката на листата за пратеници во ИЕ 1 на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, на падините од Матка приготви ручек.
Сето тоа го објави на Фејсбук и напиша:
„Во прекрасен амбиент меѓу недопрената природа на околината на Матка, под планина, а покрај шумот на реката Треска, зготвивме многу вкусна мусака со тиквички и сирење. Македонската трпеза е многу богата со мириси и вкусови, а како нема да е кога нашата плодна почва изобилува со највкусниот зеленчук. Можеби затоа сум и вегетаријанка. Преубаво попладне“.