Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги предупреди жителите дека треба да бидат подготвени да го напуштат градот во случај на целосен прекин на електричната енергија.

Во последните недели, милиони Украинци беа без струја и вода, бидејќи руските воздушни напади беа насочени кон клучната енергетска инфраструктура, јавува Би-Би-Си, а 40 отсто од енергетскиот систем на Украина е уништен или оштетен поради руските напади врз електрани и далноводи.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија би можела „да ги концентрира силите на масовни напади врз инфраструктурата, особено енергијата“.

– На Путин не му требаме ние, Украинците. Му треба територија, му треба Украина без нас. Затоа сè што се случува – сите напади на критичната инфраструктура – е геноцид. Намерата на Путин е ние да умреме, да смрзнеме или да не принуди да избегаме од нашата земја за да ја има, додава тој.

Кличко уверува дека властите прават се за да ги запалат светлата и водата да тече но нагласува и дека се подготвени за различни сценарија.