Сопственикот на мрежата за микроблогирање Twitter, Илон Маск, кој воедно е и најбогатиот човек на планетата, во понеделникот им препорача на гласачите да ги изберат републиканските кандидати за американскиот Конгрес на изборите на средината од мандатот кои се одржуваат во вторник.

„За независните гласачи: поделената моќ ги зауздува најлошите ексцеси на двете партии, затоа препорачувам гласање за републикански Конгрес имајќи предвид дека претседателството е демократско“, објави во твит Маск.

Откако го презема Twitter самопрогласените групи за човекови права кои инклинираат кон неолибералните политики го критикуваат ставот на Маск за модерирање на содржините, поради неговиот апсолутен став за слобода на говорот, очекувајќи дека на платформата ќе се зголеми количеството наводно дезинформации и говори на омраза.

Од друга страна демократите на претседателот Џо Бајден се соочени со тешка борба за да ја задржат контролата над Конгресот на гласањето во вторникот. Низа влијателни коментатори вината за таквата позиција на Демократската партија ја наоѓаат токму во политиките на администрацијата на претседателот Бајден.

Непаритските прогнозери на изборите и анкетите укажуваат дека републиканците имаат многу големи шанси да го освојат мнозинството во Претставничкиот дом, како и дека ќе се води и голема контрола за преземањето на контролата од тесното демократско мнозинство во Сенатот.

Маск уште претходно најави дека ќе гласа за кандидатите на Републиканската партија, но истакна дека ги поддржува умерените политичари од двете партии.

„Тврдокорните демократи или републиканци никогаш не гласаат за другата страна, така што независните гласачи се тие коишто всушност решаваат кој ќе биде главен!“, објави Маск.