Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко најави денеска дека ќе се заостри полицискиот час во главниот град на Украина. Според него,  прекршителите ќе се сметаат за „непријатели“.

„Сите цивили на улица за време на полицискиот час ќе се сметаат за членови на непријателските диверзантско-извидувачки групи“.

„Ве молиме третирајте ја ситуацијата со разбирање и не излегувајте надвор.

Полицискиот час ќе трае од 17.00 до 08 часот следниот ден. Мерката стапува на сила од денеска.
Полициски час беше воведен пред два дена.