Бугарско-македонскиот политички надуен „цепелин“ ќе „лета“ помеѓу Софија и Скопје врз државни субвенции, се разбира, ќе трае сѐ до крајот на агресивната пропагандна војна за побугарчување на македонскиот народ, пишува хрватскиот и македонски поет и интелектуалец, Алдо Климан.

Неговиот коментар се однесува на помпезно најавуваната авиолинија меѓу Софија и Скопје, и денешното прво заедничко возење на македонски и бугарски министри во авионот. Ваква линија, за потсетување, беше пуштена пред повеќе години и укината поради неекономисчност.

Во продолжение објавата на Алдо Климан на неговиот профил на Фејсбук:

 

ПОЛИТИЧКИОТ БУГАРСКО-МАКЕДОНСКИ ЦЕПЕЛИН

Штотуку е покрената најнеекономичната, чисто политичка авионска линија во Европа, а можеби и во светот.

Бугарско-македонскиот политички надуен „цепелин“ ќе „лета“ помеѓу Софија и Скопје врз државни субвенции, и таа „линија“, се разбира, ќе трае сѐ до крајот на агресивната пропагандна војна за побугарчување на македонскиот народ и на сите негови национални културно-историски достоинства, а пак главни „излетници“ ваму-таму секако ќе бидат членовите на неброените „експертски комисии“.

Ок, на прочуениот „ексел“ на лажниот премиер Ковачевски набргу ќе му се појават чудни цепелин-минуси, зашто за затворање на финансиска конструкција за авионска линија на ваква мини-релација е потребна малку посериозна математика од онаа на болно амбициозниот „Таче“, освен ако во државниот буџет видовито веќе не биле планирани такви значајни наменски средства.

Но, ајде, овде сепак е во прашање една повисока, „евро-атлантска цел“ – влегувањето на Македонија во ЕУ, се разбира, на Куково лето, за „летање“ на куково летување.

А можеби сето тоа од своите општопознати „администраторски“ причини ќе го плаќа Бугарија? Зашто, пробен „администраторски“ лет имаше претседателот Радев кој, си спомнувате, нели, дури до Рим го „провоза“ северџанскиот педерсерател Пендаровски.

Но Ковачевски има далеку поголема чест: ееееј, него го „лета“ бугарскиот „Мандела“ Петков.