Изминатиот јули беше најтоплиот јули забележан на Земјата, потврди денеска Климатската опсерваторија на Европската унија.

Обележан со топлотни бранови и пожари ширум светот, изминатиот месец беше за 0,33 степени Целзиусови повисок од рекордот поставен во јули 2019 година, кога просечната температура на планетата беше 16,63 степени Целзиусови.

Месецот беше за 0,72 степени потопол од просекот за јули 1991-2020 година, наведоа од Климатската опсерваторија на ЕУ.

– Топлотни бранови се забележани во повеќе региони на северната хемисфера, вклучително и јужна Европа. Надпросечни температури се случија во неколку јужноамерикански земји и околу поголемиот дел од Антарктикот, соопшти климатската опсерваторија на ЕУ Коперникус.

Глобалниот просек за 2023 година е трет највисок рекорд, со 0,43 степени во периодот 1991-2020 година, во споредба со 0,49 степени за 2016 година и 0,48 степени за 2020-та.