Поранешната американска државна секретарка, Хилари Клинтон, смета дека демократите треба да направат се што е во нивна моќ да спречат реизбор на актуелниот шеф на државата, Доналд Трамп.
Таа ова го кажа синоќа на националната конвенција на Демократската партија што се оддржува во виртуелен формат во Милвоки, сојузна држава Висконсин.
-Гласајте за нашиот претседател да биде избран од нас, а не од друга, непријателски расположена земја, истакна Хилари, која беше противканандидат на Трамп на изборите во 2016 година.
Според неа, номинираниот демократски кандидат на изборите годинава, Џо Бајден, и Камала Харис, како како кандидат за потпретседателка, нема да можат да победат со обично мнозинство гласови. Таа истакна дека неопходно е убедливо мнозинство на гласови „за Трамп да не може да ја украде или присвои за себе победата“.
Таа истакна дека Трамп не се справи со проблемите пред кои стојат САД. Поранешниот државен секретар смета дека е погрешно тоа што најбогатите Американци станале за 400 милијарди долари побогати за време на пандемијата, а истовремено 40 милиони луѓе останале без работа.