Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е задоволен од изданието на неговите избраници на дебито со Арсенал.
Ливерпул синоќа ги совладаа „топчиите“ со 3:1.
– Доминиравме против тим во добра форма и бевме прилично внимателни да не бидеме загрозени од противнапад. Нашиот голман Алисон мораше да направи една одбрана, противникот имаше уште две шанси, но ова е фудбалот. Игравме одлично вечерва. Ништо лошо не може да се каже за оваа игра. Заслужено ги освоивме бодовите, истакна Клоп.
Ливерпул заедно со Лестер и Евертон се трите екипи кои имаат максимални три победи по почетните три кола во англиската Премиер лига.