Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, побара од неговите избраници на натпреварот со Порто во четвртфиналето на Лигата на шампионите, да влезат максимално мотивирано и со респект, без оглед на тоа што важат за фаворити.

– Во европските натпревари имавме многу повеќе добри моменти од лошите. Сега сме малку поискусни. По првиот натпревар со Баерн, сите рекоа дека ремито без голови не ни дава премногу шанси. Но, ние сфативме дека во Минхен можеме и ја искористивме нашата шанса. Сега треба да го третираме Порто со иста почит, изјави Клоп.

Германецот се пожали на некомплетниот состав поради многу повредени.

– Гомез ќе игра само доколку тоа е неопходно. Лалана имаше мал проблем, поради што не играше викендот и е неизвесно дали ќе настапи. Повреден е и Окслејд-Чемберлејн. Ние, искрено, не сакавме да се сретнеме со Порто. Луѓето што се запознаени со фудбалот не се воодушевени од ривалството со овој клуб. Но точно е и тоа дека и Ливерпул никој не го сакаше за противник. Тоа ќе биде тежок натпревар, но ние со нетрпение го очекуваме, додаде Клоп.

Натпреварот Ливерпул – Порто се игра вечер на „Енфилд“ со почеток во 21 часот.