Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги сподели своите размислувања во пресрет на натпреварот од 34. коло во Премиер лигата против Манчестер јунајтед.

– Мора да победиме. Повеќе од 100 проценти. Ако не победиме, тогаш ќе ги изгубиме шансите за европско натпреварување. Ова е тежок предизвик за нив. Не чека тежок, интензивен натпревар. Ги гледавме Јунајтед против Рома и тие беа добри! Особено кога им е дозволено да играат. Летаа преку теренот. Сигурен сум дека тие сè уште мислат дека имаат шанси да ја освојат Премиер лигата. Двете екипи сакаат да го добијат натпреварот напред, што е добар рецепт за одличен натпревар, изјави Клоп.

Ливерпул утре ќе игра со Манчестер јунајтед на гостински терен. Почетокот на средбата е закажана за 17:30 часот.

По 33 кола Ливерпул се наоѓа на 6. место на премиерлигашката табела со 54 освоени бода, додека Манчестер јунајтед е втор со 67 бода.