Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, рече дека второто место во Премиер лигата во оваа сезона има поголема тежина од неговите титули на чело на Борусија Дортмунд во 2011 и 2012 година.
Како што е познато, Ливерпул ја заврши сезоната со 97 поени и со нив, би бил шампион на Англија во 25 од изминатите 27 сезони. Манчестер Сити, сепак, освои 98 поени и ја одбрани титулата.
– Ова второ место е подобро од титулите со Дортмунд. Навивачите на Ливерпул се задоволни со играта оваа сезона. Второто место не е она што го сакав, но не видов луѓето да плачат. За да ја освоиш Премиер Лигата треба да си речиси совршен. Сега имаме три недели да се подготвиме за финалето на Лигата на шампионите, додаде Јирген.