Европските пратеници од француската партија Национален собир ќе се придружат на групата Патриоти за Европа, со што ултрадесничарската група ќе биде трета во Европскиот парламент, изјавија за Политико неименувани извори.
Со 30 европратеници, делегацијата на екстремно десничарскиот Национален собир ќе биде најголемата во групата Патриоти за Европа, формирана на крајот на јуни, во која членуваат и пратеници од партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан, двајца европратеници и еден функционер од групата Идентитет и демократија.
Доколку групата Орбан – Ле Пен стане трета сила во ЕП, тоа ќе биде голем удар за коалицијата на центарот, која бара парламентарно мнозинство за да и обезбеди втор мандат на Урсула фон дер Лајен на чело на Европска комисија.
ФОТО: Дојче Веле