Синоќа на Извршниот одбор на СДСМ меѓу сопартијците и премиерот Димитар Ковачевски биле изнесени стравувања од „албанизација“ на Владата, според информациите кои на ТВ 24.
На средбата се зборувало околу бројките и проценките и биле изнесени стравувања дека не може коалициониот партнер Алтернатива со 3 пратеници да има три силни министерски места во ситуација кога се бара и Алијанса за Албанците да го зголеми владеачкото мнозинство во Собранието.
Според информациите, Ковачевски на Таравари му ги понудил министерствата за правда, за здравство и за животна средина, бидејќи бил незадоволен од министрите како ги водат.
Извршниот одбор на СДСМ вчера разговараше за окрупнување на владиното мнозинство, што значи приклучување на нов политички субјект – Алијанса за Албанците, покрај постојните политички партнери.
Претседателот на партијата, Димитар Ковачевски, информираше за разговорите со претседателот на Алијанса околу програмскиот дел на можната соработка.
За понатамошните разговори со Алијанса, ИО на СДСМ одреди Работна група во која покрај претседателот ќе учествуваат и: Миле Зечевиќ – генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски – член на Централниот одбор и Јован Митрески – координатор на ПГ на СДСМ.