Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев за ТВ Сител денеска говореше за пристапувањето кон ЕУ и истакна дека реалноста е таква што Црна Гора преговара со ЕУ веќе 10 години и од 35 поглавја, затворени се само 3.

-Тоа значи дека секогаш можат повторно да бидат отворени, дури и кога се потпише Договорот за пристапување, треба да се ратификува во сите собранија на земјите-членки и тоа повторно можат да го вратат. Оттука бев поттикнат да напишам во својата колумна. Црна Гора нема проблеми со ниту еден сосед, а ние имаме големи проблеми. Мислам дека можеби процесот на пристапување во ЕУ ќе трае бесконечно долго. Побрзо ќе се случи ние да исчезнеме, а дури потоа да влеземе во ЕУ, за жал, смета Коцарев во интервју за Тв Сител.

Коцарев истакна и дека Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство, како и вториот Протокол меѓу владите на Македонија и Бугарија треба да се гледаат заедно.

-Тие водат кон разнебитување на Македонците и државата, вели Коцарев.

Видеото од ова интервју во овој момент е недостапно.