Од „Виенскиот Весник„ од 12.10.2018:
Цитат:
„Изненадувањето на 30ти септември беше големо. Кај балканските коресподенти и амбасади во Скопје, кај бриселската елита која допатува за поддршка на истата влада која со “regime change” беше донесена на власт од ЕУ и САД и да ја поддржува до последно и во медиумите. На САД и НАТО итно му е потребна Македонија како место за заокружување на Русија, за да ја совладаат „евроазиската шаховска табла…“

„Терминот “македонски”, како термин за самостојно/постоечко население, заедно со неговиот јазик и култура, кој се разви во оваа област од големата преселба на народите, на тој начин ќе биде збришан. Многумина ова го нарекуваат културен геноцид…“

Харолд Кочи

„Оваа редефиниција на македонскиот идентитет, историја, јазик и култура е вистинска цел на Грција, со ова надвор од Северна Македонија ќе нема македонско население, нема македонска историја, јазик и култура. На овој начин, еднаш и засекогаш ќе се запечати вистината околу бруталната грчка анексија на Егејско-Македонија во 1913 година, со нејзиното негрчко мнозинско население (Турци, Бугари, Македонци) и задолжителната грцијализација и кршење на човековите права. Егејска Македонија го доби својот нов хеленистички карактер кога се населија Грците од Мала Азија во 1923 година, врз основа на Договорот од Лозана…“.

(Автор на текстот во весникот е поранешениот амбасадор на Австрија во РМ, Харолд Кочи. Благодарност за овие редови на Влатко од Битола)

Целиот текст можете да го прочитате тука.