Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска попладне на состанок со пратениците од нивната пратеничка група и Коалицијата „За подобра Македонија“ треба да ја утврдат конечната позиција како ќе делуваат утре и во среда кога се закажани седниците на Комисијата за мандатно – имунитетни прашања, односно на Комисијата за уставни прашања.

Мицкоски вчера во интервју за Сител, најавувајќи ја координацијата, кажа дека ќе водат жестока дебата по поднесените нацрт-амандмани за уставните измени на комисиската, а потоа и на пленарната седница.

– Очекувам една жестока критика на сето она што ќе биде предложено од владејачкото мнозинство и Владата во рамки на комисиската расправа, а потоа и во рамки на собраниската расправа од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, сето она што претходно го излажаа за владејачкото мнозинство да биде демаскирано пред јавноста, кое едно зборуваа претходно, а друго имплементираат на дело, рече Мицкоски.