Не е дилема дека стабилноста на девизниот курс ќе се задржи и при последниот шок – енергетската криза. НБРМ има иструменти, има девизни резерви за да интервенира при нерамнотежи на девизниот пазар, а може во секој момент да се задолжи и државата, па со тој девизен прилив да ги наполни девизните резерви, пишува Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.

Димитриеска вели дека она што треба да не грижи е дека постои голема разлика помеѓу одговорна и работлива влада, која гради капацитети за полнење на девизните резерви и неоговорна и неработлива влада, која ги празни девизните резерви и ги одржува само со ново странско задолжување.

-Исто како што постои разлика помеѓу одговорна опозиција, како сегашнава којашто не шпекулира и не креира намерно кризи, и неодговорна опозиција како онаа во минатото на СДСМ која креираше чисти шпекулациии и правеше дисторзии со праќање на писма до странски инвеститори (преседан во финансиската индустрија)!

Губењето на девизни резерви во износ од околу 150 милиони евра за два месеца (октомври и ноември) е директна последица на кризата којашто ни ја наметна оваа влада, посочува таа, и додава дека енергетската криза не е целосно увезена.

-Ако беше така, и Србија ќе ја имаше истата. Значи, некопањето на домашен јаглен, сега предизвикува увоз на странски јаглен, непроизводството на домашна електрична енергија, предизвикува повисок увоз на електрична енергија. За сѐ ова требаат девизи, сѐ ова преизвикува повисок девизен одлив. Значи не е само цената на електричната енергија проблем, како што сакаат да престават дека е чисто увезен проблем, проблемот е домашно создаден заради неодговорната и неработлива влада. Барем да течеа девизи од странски директи инвестиции – и тука се последни во регионот. Наспроти ова, Владата на ВМРО-ДПМНЕ во минатото со својата активна политика за привлекување на странски директни инвестиции креираше поволна околина за генерирање долгорочни девизни приливи, коишто ја спасуваат оваа неоговорна и неработлива влада, посочува Димитриеска Кочоска.