Сметките за струја би се зголемиле за 38%, од 1-ви јануари, според првичните барања на енергетските компании. Претседателот на „РКЕ“ Марко Бислимовски за „Канал 5“ рече дека го чекаат и барањето од „МЕПСО“, а нивните пресметки покажуваат 60% поголеми трошоци, што би значело дополнителни зголемување на крајната сметка. Освен „МЕПСО“, се очкеува и барањето на „ЕВН Хоум“.

Бислимоски рече дека пристигнало првото барање од компаниите за зголемување на струјата, при што Електродистрибуција побарала зголемување на цената на струјата од 100%.

Денеска барање до Регулаторна доставиле и ЕВН хоум но истото, вели првиот човек на РКЕ се уште не е разгледано. Сега се чека барањето и на државната МЕПСО, а според најавите – нивните пресметки покажале дека трошоците се зголемени за околу 60-тина отсто.

РКЕ во текот на наредната недела ќе одлучува по барањата на енергетските компании, што и колку ќе прифати. Според првиот човек на Регулаторна Марко Бислимовски крајната и конечна цена за домаќинствата би се знаела до крајот на месецов.

На конец виси и дневната евтина тарифа за домаќинствата, Бислимовски објаснува дека таа зависи од повеќе фактори. Допрва ќе се анализира дали ќе се укине или не. Граѓаните кои ги анкетиравме со поделени мислења.