Вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов и неговата ВМРО прават од Бугарија Херкулес без мускули и се дестабилизирачки фактор на Балканот, вели ексминистерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.

– Таквата позиција на Бугарија кон С. Македонија е поради тонот што го дава крајно десната партија во власта, претставена од министерот за одбрана. Веќе ја предупредивме ЕУ дека тој води крајно несоодветна политика за ЕУ. Ќе ве потсетам дека, како претседавач со Советот на ЕУ, Бугарија имаше поставено карта на Сан Стефано, на која е претставена Голема Бугарија, каква што сакаше да биде Царска Русија. Тоа им го посочивме на европејците,изјави Коѕијас за порталот Еурактив.

Коѕијас натаму додава:

– Бугарија сè уште не созреала за да сфати дека во С. Македонија се роди нова нација, која има свој сопствен јазик. Наместо да го признае тоа и да придонесува за мирот и за пријателството на народите во регионот, Бугарија дејствува на дестабилизирачки начин, правејќи се Херкулес без мускули, вели Коѕијас.