Договорот од Преспа не е нејасен и не точно дека со Договорот на соседите им се дава признавање на етникумот, бидејќи ниту еден меѓународен договор не содржи нешто такво. Ова е ставот на поранешниот министер за надворшени работи на Грција, Никос Коѕијас, како еден од потписниците на Договорот од Преспа, кој во колумна за „Катимерини“ во одбрана на Договор, наведува дека кој не само што ги решил проблемите поврзани со минатото, туку поставил и позитивна агенда за соработка и унапредување на односите меѓу двете земји и општества.

Притоа Коѕијас имплицира дека актуелната грчка влада предводена со Кирјакос Мицотакис не го разбрала и не го спровела тоа.

Наместо владата да ги турка билатералните односи во таква насока да добиеме стабилен пријател и сојузник со позитивни ефекти во поширокиот регион, таа ја поткопа реализацијата на целата оваа мрежа на позитивни перспективи. Владата не само што не ги направи пропишаните меѓувладини дејствија, туку Мицотакис не ни стапна во Скопје. И ’се прашувам’, не се запраша ли актуелната власт што ќе се случи ако се откаже во пракса, со тоа што го прави или Договорот е неорганизиран?, напиша Коѕијас во колумната за „Катимерини“.

Според Коѕијас Договорот од Преспа храбро го одврзал Гордиевиот јазол, но констатира дека за жал „неогрчката глупост“ не само што не дозволила Договорот целосно да биде искористен, туку го олеснило неговото поткопување, како што вели, од шовинистичката десница во Македонија.

Сепак во колумната Коѕијас не се осврнува на послендите случувања во Македонија, туку ги анализира постапките и ставовите на грчките власти и политичари поврзани со документот.

Несериозно е влада, чиј премиер, кога се крши договорот од Преспа, да чувствува потреба да каже дека не се согласува со Договорот, или кога лажно тврди дека договорот ’на соседите им дал народ и етникум’ , кога ниту еден меѓународен договор не содржи такво нешто, секако, дури ни договорот од Преспа, бидејќи таков концепт не е ни предвиден со меѓународното право, пишува Коѕијас.

Според него ваквите тврдења, дека Договорот дал работи што не ги дал, можат да бидат искористени против грчката држава, како што Грција заврши пред Меѓународниот суд на правдата откако тврдеше дека ставила вето во Букурешт.

Во тој контекст тој и забележува и на партијата ПАСОК за тврдењето дека Договорот е „матен“ со што и се остава да простор на другата страна токму врз основа на вакви грчки изјави да го оспорува документот како нејасен и како таков да го отфрла.

Коѕијас кој заедно со тогашниот шеф на македонската дипломатија, Никола Димиров, на 17 јуни 2018 година го потпишаа Договорот за затворање на спорот за името, во колумната го отвора и прашањето на меморандумите меѓу двете земји кои грчките власти пет години одбиваат да ги ратификуваат.

За Коѕијас е насфатливо зошто е лошо за Грција да ратификува протокол со кој таа ќе врши контрола врз македонското небо, а дали би било добро доколку Турција ја преземе таа улога и што би и се случило на Грција доколку врши обуки на македонски судии, дипломати и војници повеќе од сега.