По 20 души во едно комбе сте се напикале, на браќа од иста куќа ги делите со пендрек да чувале дистанца, гласи еден од илјадниците коментари на социјалните мрежи за денешното растурање на Вевчанскиот карневал со специјалци од МВР.

Еве го целиот коментар објавен на Фејсбук:

-Од кој постовјат Вевчани имат една маска се викат Глупи Август. Најпроста и валкана маска, нај ирационална гола сила. Гола простачка сила. И колку поќе сакат да е страшна – толку поќе е смешна, падвит во вода, се валкат во калта… а император бил велет, најмоќниот чвек што некваш одел по земјава – можда имате чуено. Таа империја веќе е немат! Вевчани го имат. Покажвеле на Вевчанци сила и поголеми и посилни и царој и султани, ама никој не им ги памтит имињата. Срам!- пишува во објавата.