Јаска сум роден во 1877 хиљада осумстотини седумдесет и седма година во месец октомври во село Њивици, Леринска околија. Сегашна грчка територија а тогашна турска империја од татко Ристо и мајка Доста. Кога навршив 7 години ме испратија да учам грчка школа, таква е имало тогаш во нашето село, по свршвањето четврто оделење грчка школа, татко ми ме прати во гр. Битола на едно претпријатије како шегрт и учев ноќна школа во тогашнио бугарски пансион. По свршвањето 1 разред гимназија сум се вратил пак во нашето село Њивици и сум работел со својот татко риболов во Преспанско Езеро. Кога навршив 17 години возраст со неколку другари од моето село отидов во Романија во град Констанца. Сум работел тамо 3 години како печалбар на линија и сум се вратил пак во турската држава во нашето село и после сум се оженил во 1899 година за една девојка од нашето село на име Звезда која и денес е жива.
Во 1901 година се појавија во нашето село комити да го огрганизираат народо и да се спремаме за востаније со пушки против турската држава и тогаш и јаска со неколку другари сум влегол во таја организација и сме работиле за ослободувањето на Македонија од турскио режим под кумандувањето на војводата Арсов и други и во 1903 год. стана Илинденското востаније во које и јаска бев со пушка во раце и се боревме против турскио аскер и после три месеци борба немајќи помош од некоја друга држава како што ни кажвеа чим се почни борба нам ќе ни поможат други држави и пошто турскио аскер се намножи и неможевме веќе да се бориме, кој се предадовме, кој избега во други држави и така останавме пак под турска империја, а многу души се изгубија од турскио аскер.
После 1905 год. пак почнаја да се организираат чети за истио циљ и во 1907 селскио поп Георги кој служеше на грчки јазик, комититите го убија како шпиун од четата на Петре Германчето. После неколку време под наваљувањето на сељаните мене ме повикаја и ми рекоа да јаска стана поп за во нашето село Њивици и војводата Петре се согласи. На селото ме испратија на курс на манастиро Слепченско, Крушевска околија. После шест месеци учење во манастиро ме исприја во гр. Охрид и ме рукоположиа за свештеник на крајо во 1907 год. од тогашнио охридски владика Методија и после навршвањето 40 дена служба во манастиро си дојдов како свештеник во нашето село и почнав да служам на славијански јазик и пошто пак работав за за ослободувањето на Македонија, кога се уби од Турците Јованче Охриѓанецо, со многу видни лица од неколку села, и мене ме зедова во турскио затвор и леживме од 1911 год од март месец, до 1912 год до април месец, кое се ослободивме од затворо и во 1912 год во месец октомври почна Балканската војна кое се бореа против турската држава четири мали држави, т. ј. Србија, Бугарија, Грција и Црна Гора, во растојаније од два месеци борба се ослободивме од турската империја кое кај нас дојде српската војска до есента на 1913 година пошто Грција и Србија ги преместија границите.
Србите дојдова до Маркова нога, а нашето село Њивици припадна под грчката држава и тогаш јаска морав да служам во црква на грчки јазик и во 1914 год. почна Првата светска војна, а во 1916 год. јаска бев приморан да бегам од грчкио терор. Пребегав во тогашната бугарска окупација со постарио син, а другата фамилија остана во Њивици. И охридскио владика ме постави да служам во село Слепче, Крушевска околија које седев до 1918 год. а после избегавањето на Бугарија и Германија дојде бивша Југославија, а пак јаска тогаш се вратив во моето село Њивици и ги најдо сите здрави и живи, само мојо татко Ристо умрел во 1917 год. и кога видов пак не се живее од грчкио терор, ноќа со чунка преку езеро со се цела фамилија и потребните ствари си дојдовме во село Наколец со големи маки и после од тамо владиката ме назначи да служам како свештеник овде во село Подмочани, Ресенско кое и денес служам овде во Подмочани до 1951 год.
Од мојата фамилија, мојо син Пандо роден 1906 год. во Њивици, а син ми Наум роден во 1911 год. и покојниот Јован роден во 1913 год. а умре во 1932 год. као богослов петти клас, а син ми Ефтим роден 1915 год. исто во село Њивици, а мојата ќерка Елена е родена во 1901 година која и до денес е во грчка територија, а најмалата ќерка Евда е родена во 1922 год. во село Подмочани. Син ми Пандо отиде на печалба во Аргентина и седе тамо до 1932 год. си дојде овде и се ожени и пак во 1935 год. отиде во Аргентина и во 1936 год. со неколку другари се врати како доброволец во шпанската војна. После неуспехот на борбата паднаја во затвори во логори во Франција и Германија пошто тој тамо во Аргентина работеше за народно ослободителната борба, а син ми Наум после свршвањето на четврти клас гимназија ступи во учителска школа и во 1934 год. стана учител кое и до ден денес е во град Битола, а син ми Ефтим најмалио пошто немав могучност да го школувам по свршвањето на основната школа отиде во Белград кај тогашнио привредник во 1928 год. и тамо работеше на едно претпријатије до 1941 год. а и тој тамо работеше исто за народно ослободителната борба кое падна и во Белград затвор. Во време на окупацијата во 1941 год. си дојде во селото Подмочани, кога дознаја италијанските и албанските власти да е како комунист и за тоа работеше, го зедова во затвор во 1942 год., а после ослободувањето од затвор во 1943 год. избега со партизаните и се бореше против окупатор до ослободувањето во 1944 год. кое и денес е во државна служба како чиновник во Скопје, а јаска како стар од 75 год. со тешки маки служам на народо и татковината за изградба на социјализам.
С. Ф. С. Н.
4 ноември 1951 год. написал
Подмочани Спиро Ристевски
свештеник од с. Подмочани