Аркадиј Бабченко (41), новинар роден во Москва, остави зад себе жена и шест деца, но тоа би било вистина, ако неговара смрт не беше лажна, инсценирана и со сомнителни намери.
Бившиот војник Бабченко ја критикувал руската анексија на Крим во 2014 година, а ја критикува и поддршката која рускиот претседател Владимир Путин им ја дава на сепаратистите на истокот од Украина, пишува „Скај њуз“.
Бабченко дал придонес во рускиот опозициски весник „Новаја газета“. Имал 19 години во деведесеттите години од минатиот век, кога како војник на руската војска се борел во Чеченија.
Учествувал во тамошните борби и во 2000-та и тоа како војник по договор. После тоа повеќепати повторувал дека „мрази војна“ и декане сака повторно да земе оружје в раце.
– Бев добар војник. Сега сум лош војник. Сакам повеќе да живеам отколку да умрам, напишал Бабченко во 2017 година.
Бабченко го поддржал бунтот во Киев во 2014 година, кога беше срушена дотогашната власт. Како репортер известувал од судирите меѓу украинските трупи и проруските бунтовници на истокот од Украина, како што наведува „Скај њуз“, по анексијата на Крим.
Москва ја напуштил поради вознемирувања, па отишол да живее во Чешка и Израел пред да се „поцизионира“ во главниот град на Украина.
Од Бабченко се оградија многу негови колеги од Русија.
По катастрофалната авионска несреќа во која загинаа членови на рускиот воен оркестар Бабченко напиша дека не жали за жртвите.
Во Украина водел емисија на телевизијата на кримските Татари АТР, а предвидува и „пропаст на Русија под власт на Путин“.
Да потсетиме, вчера се појави вест за убиство на Бабченко. Тој денеска се појави жив и здрав на конференција за медиумите, со преставник на украинската тајна полиција.