Италијанскиот претседател Серџо Матарела, одби да дозволи на победниците на изборите во Италија да формираат влада, бидејќи како министер за финансии беше предложен Паоло Савоне. Поради него, фактички во Италија беше заобиколена волјата на гласачите, извршен мек државен удар и за мандатор на новата влада беше избран Карло Котарели, поранешен извршен директор ан ММФ.

Матарела одбил да дозволи Савоне да го преземе Министерството за финансии заради неговата изразита скептичност кон тоа како сега функционира ЕУ, пред се евро зоната. Неговата теорија е „Не за еврото“ со која остро се спротивставува на подредената улога на Италија и на останатите европски земји кон Германија, која игра доминантна улога во проектот „Обединета Европа“.

Паоло Савоне за тоа говорел уште во март 2013 годиан во емисијата Агора на Раи3, кога изјавил дека „Германија денес со спроведување на проектот Обединета Европа и еврозоната, го остварила тоа што своевремено се обидувале да направат Адолф Хитлер и неговиот министер Валтер Фанк. Еве што пред пет години зборувал Савоне:

„Моите германски пријатели мошне се вознемирија, но мораат да го земат в обзир фактот… подоцна ме разбраа, дека економијата ја одредува политика, како што тоа детално го објаснил Маркс. Германија и натаму го применува планот Фанк, план кој предвидува Германија да биде земја на редот и сите валути да се однесуваат како германската марка.

Како треба да функционира индустријата, знаат само Германците, затоа за нив е природно да напредуваат. Другите држави, вклучуваќи ја и Италија, можат да се посветат на земјоделството, туризмот и на благосостојбата за Германците“, рекол Савоне.

„Рзликата во однос на тоа време е што тогаш с еобидоа тоа да го наметнат на сила… а денес го прават истото преку проектот Обединета Европа, кој го дава истиот ефект и во кој Германците имаат доминатен иделошки статус“, додал несудениот италијански министер за финансии