Во Москва, рускиот претседател Путин и бугарскиот премиер Борисов, се договориле Турскиот поток да сврти и кон Бугарија, јавуваат бугарските медиуми.

За тоа добиле согласност и од Ердоган.

Според медиумите кај нашиот источен сосед, средбата Путин-Борисов траела два часа, што според рускиот протокол било невообиачено долго. По средбата Путин оценил дека имале деловни разговори кои дале резултат. Борисов истакнал дека со Москва и Брисел ќе бараат формула за да се построи Турскиот поток крај Варна. Но, тој бил дециден дека до решение ќе се дојде и дека Бугарија преку овој гасовод ќе добива 15 милијарди м3 гас.

Борисов имал и покајнички говор во Москва. Имено, тој е главниот виновник што Јужен поток како проект беше стопиран, по барање на САД и ЕУ. Сега Борисов изјавил:

„Бугарија е најдисциплинирана членка на ЕУ и НАТО, но и покрај тоа сите гасоводи не заобиколија. Гасоводите минаа низ Турција и Грција, а ние останавме без ништо, ги откажавме. Затоа, му благодарам на г-динот Путин што не ми зема за зло. Но поголемиот простува“, рекол Борисов.