Кој го „блокира” Собранието? Економските мерки за помош на компаниите (според Фатмир Битиќи) се доставени до Собранието во форма на закони на 16 февруари 2021 година.
Ова се истакнува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
-Собранието ќе може да ја отпочне постапката за носење на тие закони дури на Седницата закажана за 23.3.2021 (бидејќи тогаш се ставени како точки на дневен ред од страна на парламентарното мнозинство). По таа динамика тие мерки би се изгласале најрано на 1.4.2021. Економските мерки стојат заглавени во собраниски лавиринти веќе еден месец, а јавно се декларира дека истите се врвен приоритет. Дилемата е: дали СДСМ, ДУИ и БЕСА ги кочат законите кои треба да донесат помош за компаниите? Економските мерки предложени од Владата се недоволни. Сепак, и таа минамлна помош е од значење за компаниите и за нивните вработени. Собранието треба со забрзана димамика да ги донесе тие закони уште следната недела, а за тоа да се случи мнозинството треба да ги „одблокира“, се вели во реакцијата од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.