На повеќе од 65 илјади вакцини од прозиводителите „Фајзер“ и „Астра Зенека“ рокот за употреба им е истечен и тие ќе се уништуваат во „Дрисла“.

Потребно е Комисија од Министерството за здравство и Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) да направат попис и да достават барање до „Дрисла“ за нивно уништување.

Досега ниедна вакцина против ковид-19 не била запалена во печките на депонијата.

Директорот на ЈКП „Дрисла“ Јане Мицевски досега не добил барање за уништување вакцини. Во оваа депонија, и според претходниот директор Коста Начевски, досега не е уништена ниедна вакцина.