Д-р Андон ЧИБИШЕВ

Уште една преуранета, избрзана и погрешна одлука (препорака) на Комисија за заразни болести. Бремените жени кои беа ослободени од работните обврски, да се вратат на работните места. Бремените жени се посебна група на пациенти кои се во посебна физичка, психолошка и здравствена сосотојба која треба да биде под апсолутна опсервација на државните нституции.

Од почетокот на пандемијата до денес искуствата покажаа дека тие се повеќе изложени на инфекција од корона вирусот, развиваат сериозна клиничка слика и за жал некои од нив и го изгубија животот заради компликации од Ковид инфекцијата.

Затоа, почитувани колеги преиспитајте ја Вашата одлука.

Почитуван господине министре, за прв пат апелирам, не ја прифаќајте препораката од Комисијата.

Ниедна фирма нема да претрпи штета ако една или две трудници не доаѓаат на работа уште еден или два месеци.

Ве молам сериозно размислете.