Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ
(БДП) за првото тримесечје од 2018 година е 0.1 %.
Во првото тримесечје од 2018 година, најголем пораст е забележан во секторите: Уметност, забава и
рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои
произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 12.1 %; Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 10.5 % и Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 8.5 %.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2018 година, номинално расте за 4.0 %, а нејзиното учество во структурата на бруто- домашниот производ изнесува 64.3 %.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 10.4 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 9.1 %.