Denesen.mk
26.12.2025.
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни

МИЦКОСКИ: Итната медицинска помош ќе добие 150 нови возила, зашто Скопје има само 7 исправни возила, а повеќе градови ниту едно

(фотогалерија) МВР: Полицијата доби 120 нови возила марка Пежо 408 кои ќе бидат распоредени по сите сектори низ Македонија

ТРИ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ: 120 милиони евра и над 1.500 работни места, инвеститорите се од Германија, Турција и Грција, објави Мицкоски

ТИРЗ: Нова потенцијална инвестиција на Интекар Глобал во Македонија во износ од најмалку 20 милиони евра и нови работни места

(видео) СТОИЛКОВИЌ ОДГОВОРИ НА НАПАДОТ ОД ДУИ: Отпуштените 7 службеници наместо в канцеларија, испратени се да спијат дома

Македонија, Колумни

КОЛЕ МАНЕВ: Обвинувам!

/ 18.01.2020
Share
КОЛЕ МАНЕВ: Обвинувам!
Коле Манев
Минатата недела неделникот Пари-Мач објави ексклузивно интервју со режисерот Роман Полански. На насловната страница од Пари-Мач стои изјавата на Полански која вели:
„Се обидуват од мене да направат монструм.“
Во неколкуте страници од интервјуто водено од новинарите Херве Гатењо и Орели Раја се разбира првите прашања беа поврзани околу најновото филмско дело на Роман Полански ,,Обвинувам“, при што, во очи на премиерата, одеднаш во јавноста како бомба (не како тие на Заев) одекна изјавата на несудената глумица Валентина Моние која тврди дека во 1975 година кога имала само осумнаесет години во Лос Анџелес се запознала со Полански, кој во тоа време престојувал во вилата на Ворен Бити, и набргу се спријателиле.
Но Роман, како што тврди Валентина, го злоупотреби нивното искрено пријателство и ја искористил нејзината наивност, односно ја силувал, по што претрпела дискоцијативна амнезија!
Се разбира, во ексклузивното интервју за Пари-Мач, Полански ги отфрлува и негира таквите измислици и дека токму сега по изминати 44 години од наводното силување некој се служи со Валентина Моние да му наштети на филмот и на неговата личност.
Од друга страна Валентина изјавува, повторно во јавноста, дека со ништо не сакала да му наштети на филмот ,,Обвинувам“ тоа што досега не се изјаснила дека во 1975 година во Лос Анџелес била силувана од Роман Полански бидејки го почитувала како филмски автор, но не можела да поднесе дека по такво злодело Роман во филмот ,,Обвинувам“ се поставува во улогата на Алберт Драјфус кој бил невино осуден од некој воени структури од тоа време!
Во ексклузивното интервју со Роман Полански, во Пари-Мач како прилог се објавени и неколку фотоси на Валентина Моние од периодот на познанството со Полански во кои се гледа дека била шармантна девојка, па да и посакаме на Валентина да и сега е шармантна и привлечна личност.
Филмот на Полански го видов и мислам дека е одличен. Оттука не е мое или наше да судиме кој е во право и кој не е, дали Полански ја кажува вистината или тоа го прави Валентина Моние.  Засега се се сведува на две различни тврдења и различни мислења.
Во Париз и Франција се случуват тешки социјални демонстрации, тие што штрајкуват мислат дека со некои политики на власта се злоупотребуваат нивните основни социјални права, од друга страна другите веруват дека некои од синдикатите се на погрешната страна. Секој има право да обвинува, како што го направи Емил Зола кога во случајот на Драјфус обвини некои воени структури, но по неговото ,,Обвинувам“ Зола
беше принуден да замине во Егзил. И ние граѓаните на Република Македонија имаме право да го обвиниме Зоран Заев, Никола Димитров, Шекеринска или Бујар Османи кои во овие три години не преплавија со лаги,
измами и политички силувања од кои не можеме да подигнеме глава посебно кога некој ќе се најде во странство (не во егзил) и ќе биде принуден да слуша Северна.
Од истите причини и јас лично го ОБВИНУВАМ Заев и неговата политичка орда која така лесноумно ни го шитнаа името и честа на секој граѓанин на Република Македонија. Можеби е време тие да заминат во егзил
посебно кога Заев знае да каже „Еб*му името, еб*му!
Share this...
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin

Ознаки: топ
Од истата категорија

МИЦКОСКИ: Итната медицинска помош ќе добие 150 нови возила, зашто Скопје има само 7 исправни возила, а повеќе градови ниту едно

(фотогалерија) МВР: Полицијата доби 120 нови возила марка Пежо 408 кои ќе бидат распоредени по сите сектори низ Македонија

(видео) СТОИЛКОВИЌ ОДГОВОРИ НА НАПАДОТ ОД ДУИ: Отпуштените 7 службеници наместо в канцеларија, испратени се да спијат дома

ДИМИТРОВСКИ: Со усвоениот буџет од 5,2 милијарди денари и јасен план, ги исполнуваме ветувањата и започнуваме преродбата на Скопје

ПОПОВ ДО СДС: Наместо теми што не постојат, најдете си тема со суштина и почнете иницијативи кои може да му користат на народот

ОПРЕМУВАЊЕ НА МВР: Македонската полиција ќе добие нови возила, на промоција ќе говорат премиерот Мицкоски и министерот Тошковски

Најнови вести

МИЦКОСКИ: Итната медицинска помош ќе добие 150 нови возила, зашто Скопје има само 7 исправни возила, а повеќе градови ниту едно


(фотогалерија) МВР: Полицијата доби 120 нови возила марка Пежо 408 кои ќе бидат распоредени по сите сектори низ Македонија


ТРИ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ: 120 милиони евра и над 1.500 работни места, инвеститорите се од Германија, Турција и Грција, објави Мицкоски


ТИРЗ: Нова потенцијална инвестиција на Интекар Глобал во Македонија во износ од најмалку 20 милиони евра и нови работни места


Denesen.mk
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Copyright © 2018 ЕМ Медиа ДООЕЛ