Коле МАНЕВ
ШЕЌЕРИНСКА: Мили Боже, зошто толку ме критикуват што се сликав пред амблемот на УЧК?
ГОСПОД БОГ: Ќерко Рада, треба да знаеш јас како Севишен силно интервенирав мојата Македонија на три места да се споменува во Библијата. Ти и твоите, ви го заборавив името на партијата, што правите? Си
дозволуваш да се сликаш пред знакот на УЧК! Ти, Радо, како ангел бранител нели знаеш дека УЧК е странска воена формација, како ангел бранител како ќе ја чуваш татковината? Ќерко Рада, многу гревови правите.
ШЕЌЕРИНСКА: Господе милостив, нели минатото треба да го заборавиме?
ГОСПОД БОГ: Ќерко Рада, за тебе настани кои се случија пред две децении се минато, со едниот сосед го сменивте името на мојата омилена држава, Библиска татковина Македонија, на другиот сосед сакате да му ги поклоните моите мили чеда Гоце, Даме, Крсте и сите други, па зарем тие не се минато? Значи како ќе ви прдне на умот, да ми простиш за ,,прдне“, кога ви одговара било минато кога не било сегашност! И уште доаѓаш кај мене а на твојот ореол ги носиш буквите од амблемот пред кој си се сликала. Зошто го
правиш тоа, за да добиеш некој глас повеќе за изборите?
ШЕЌЕРИНСКА: Мил Господе, по сликањето сами се залепија, се обидов да ги избришам ама тие пак се појавуват. Што се однесува до Кирил и Методиј, Гоце, Крсте и другите со соседот се договоривме да ги славиме заеднички.
ГОСПОД БОГ: Ќерко Рада, славите, но колку што ве знам едно кажувате друго правите. Немој случајно да ви падне на памет, моштите на моето мило чедо Гоце од црквата Свети Спас, каде Гоце починува, лесна му земја, да му ги поклоните на Борисов во името за некакво добрососедство. Ако такво нешто се спремни да направите, кога ќе дојдете кај мене ќе ве сместам во карантин по 211 години за секој поединечно. Во таков случај ниту Кацарска или Рускоска не ќе може да ве извлече. Ќерко Рада, дали сум јасен?