Коле МАНЕВ
Гоце: – Вие, творците на Северна зошто го лажете народот дека сум бил Бугарин? Сум бил Бугарин, ама сум се борел за македонската кауза!?
Од каде го извадивте ова, од нафталин? Во цртежот, тој слабиот кој бега дури тврди
дека и Крсте Мисирков ти бил Бугарин, мајко мила!
Мисирков да се чувствуваше Бугарин ќе напишеше книга ,,За бугарцките работи“!
Треба да знаете дека таква книга не постои, а не постои бидејќи Крсте Петков Мисирков
напишал книга ,,За Македонцките работи“, ама на копуци како вас тоа се уште не ви јасно. Шармерот за надворешни ни порачува да читаме документи! Какви документи бре, ние ги положивме животите за Македонија, за Независна и Слободна Македонија, а вие сега со нас правите политички бизнис и не шиткате како Бугари, голтари едни. Или вие светот го
разбирате како поле за натпревар меѓу шиткачи и предавници. Со што ќе го
покриете вашиот резил?
(ликовниот прилог, специјално за „Денешен“, автор Коле Манев)