Партиските состаноци на Бихаќка однесоа во самоизолација околу 75 лица.

Кластерот на СДСМ од кој позитивни на Ковид 19 излегоа потпретседателот Мухамед Зекири и директорката на УЈП Сања Лукаревска, во карантин го однесе речиси цело потпретседателство на партијата, лица од високите партиски органи, но и високи функционери во Владата.

По состанокот во СДСМ во домашна само изолација е и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, како и директорот на финансиската полиција Арафат Муаерими, пишува скопски Курир.

Оваа агенција инаку треба да е независна, а е под надлежност на претседателот на државата. Стево Пендаровски досега се нема изјаснето дали знае дека директорот на Агенцијата за разузнавање кој го назначува лично бил на партиски состанок на СДСМ?