Коле МАНЕВ

Во францускиот јазик зборот ,,бордел“ подразбира јавна куќа. Тоа на сите ни е позанто, како што на повеќето од нас ни е познато и какви дејанија се случуват во една јавна куќа.

Но, во францускиот јазик, со зборот бордел се означува и ситуацијата, односно состојбата кога нешто се случува хаотично, кога нешто се  прави, промовира на изопачен и неразбирлив начин.

Деновиве Владата на чело со Заев нам, на јавноста ни го понуди логото со дизајнерски знак, со кој актерите од власта сакат да ја одбележат триесетгодишнината од осамостојувањето на Република Македонија како независна и самостојна држава, историски настан кој  се случи на 8 септември 1991 година.

По објавата на логото, амблемот, имаше многу негативни реакции и се уште ги има. Што само по себе покажува дека нешто не е во ред и почнува да мириса на неарно.

Дизајнот е многу прецизна ликовна дисциплина, па се што е непотребно од ликовен  аспект веднаш се забележува бидејќи пречи. Така, во логото „пара очи“ зборот  ,,северна…“, не по големината на елементите, на буквите, туку по пораката која ја носи ова решение а таа е дека целта на триесетгодишниот пат била и е ,,северна…“!

Имено, во дизајнерската приказна која ни ја раскажува логото повторно се среќаваме со невкусните лаги кои редовно ни ги пласира оваа власт според нејзините потреби. Дизајнот спаѓа во сферата на ликовната дејност и како прво правило за секој автор и за секое дизајнерско решение е да не нуди лажни информации и да не поседува изопачени политички манипулации. Секој дизајнер во неговата работа се труди со малку елементи да понуди повеќе идеи и пораки кон јавноста, а во случајов е сосема спротивно – наместо хармонија која нужно треба да владее меѓу ликовните елементи од решението, во логото доминира длабока дисхармонија и дизајнерски односно ликовен хаос.

Тие што го прифатија и потпишаа договорот од Нивици не го направија  тоа од љубов, тие или беа принудени да прифатат за промена на името или за таквата дејност се добиени дебели пари па сега кога се длабоко во игра, за Заев и таквите како него одеднаш ,,северна…“ станува света работа можеби токму затоа и зборот ,,република“ го нема во логото, чиниш самиот Заев го изработил или на дизајнерот му стоел зад грб и го советувал како да го реализира и што треба да содржи логото кое всушност е само важен  ликовен повик за одредена манифестација.

И нека не помисли некој дека сево ова е грешка или резултат на незнаење од било која страна. Напротив ваквите ,,случајни  грешки“ воопшто не се случајни. Тие се добро одмерени и наменети за психолошка тортура и бришење на културниот и историскиот код на сопствениот народ. Во случајот, политиката, веројатно заедно со авторот, го имаат силувано решението за логото со намера на најперфиден начин да не убедат дека за овие триесет години сите ние се боревме за еден ден се разбудиме во ,,северна“ нешто што ми заликува на Луциферова работа.

Нека ми прости ,,авторот“ на решението на логото, кој и да е, за неубавите зборови  кои ги вметнав во овие редови, но најлошото во нашата професија е кога ќе дозволиме да потклекнеме пред политиката а уште полошо е кога политиката, таа лошата, на недозволени  начини од општеството ќе посака да направи бордел во кој неможно е пристојно да се живее.

Тие што го прифатија и потпишаа договорот од Нивици не го направија  тоа од љубов, тие или беа принудени да прифатат за промена на името или за таквата дејност се добиени дебели пари па сега кога се длабоко во игра, за Заев и таквите како него одеднаш ,,северна…“ станува света работа можеби токму затоа и зборот ,,република“ го нема во логото, чиниш самиот Заев го изработил или на дизајнерот му стоел зад грб и го советувал како да го реализира и што треба да содржи логото кое всушност е само важен  ликовен повик за одредена манифестација.

И нека не помисли некој дека сево ова е грешка или резултат на незнаење од било која страна, напротив ваквите ,,случајни  грешки“ воопшто не се случајни, тие се добро одмерени и наменети за психолошка тортура и бришење на културниот и историскиот код на  сопствениот народ. Во случајот, политиката, веројатно заедно со авторот, го имат силувано  решението за логото со намера на нај перфиден начин да не убедат дека за овие триесет години сите ние се боревме за еден ден се разбудиме во ,,северна“ нешто што ми заликува на Луциферова работа.

Нека ми прости ,,авторот“ на решението на логото, кој и да е, за неубавите зборови  кои ги вметнав во писанието насочено кон логото, но најлошото во нашата професија е кога ќе дозволиме да потклекнеме пред политиката а уште полошо е кога политиката, таа лошата, на недозволени  начини од општеството ќе посака да направи бордел во кој неможно е пристојно да се живее.