Актерите се простуваат од својата колешка Билјана Беличанец, која синоќа си го одзеде животот со бесење. Актерката Јелена Јованова на Фејсбук напиша оти се надева дека Беличанец е сега на место на кое нема да се чувствува изнеревена од никого.
„Се надевам дека сега си на подобро место. Се надевам дека таму нема да си изневерена од никого. Се надевам дека таму ќе си прегрната од љубов која овде ти недостигаше. Толку многу даде, а уште колку многу остана..Тешко и за неверување маме. Ти благодарам за СЀ! Почивај во мир Билјана Беличанец“, напиша Јованова.
Од колешката се прости и актерот во Велешкиот театар, Васил Зафирчев.
„Билјана Беличанец. Ретка билка со раскошен талент за цветање. Можеше да даде уште многу цутови. И сакаше. А нѐ напушти на најтрагичниот од сите можни начини. Како вистинска античка хероина. Вечна пролет за неа и за нејзиниот редок и убав цвет“, напиша Зафирчев.
Актерката Весна Бејби Петрушевска е во шок откако слушна за смртта на својата колешка и пријателка Билјана Беличанец
Актерката Јелена Жугиќ на својот Фејсбук профил се прости од Билјана Беличанец.
„Почивај во мир драга Беличанец, во вечноста пронајди го тоа што овде не можеше… бескрајно ќе ни недостастуваш…“, напиша Жугиќ.
-Билјана Беличанец беше мојот Петар Пан. Полетна како никој од нашата бранша, леташе високо со своите улоги и оддаваше цврстина на маж, но беше кревка, како кокиче. Замина во Недојдија…, напиша Дац на својот ФБ профил.